Име
Менаџер
Лозинка
 
 
 
 
Ја изгубивте лозинката?
 
Football Arena
Слики
Помош
Регистрирај се

Football Arena - Прирачник

Важни информации

Промени јазик  

Најпрво сакаме да ве информираме за можноста од суспендирање на вашиот тим. Да се биде суспендиран не е пријатно и затоа секој треба да знае што е а што не е дозволено во оваа игра.

Тимот може да биде суспендиран од следниве причини
  • Играјќи со повеќе од еден тим. Логирање во други тимови.
  • Не местење формација и губење службено 3 натпревари по ред.
  • Не логирање повеќе од 60 дена.
  • Трасфер малверзации (купување играчи за екстра високи цени).
  • Корисникот има тим во држава различна од онаа во која живее.
  • Рекламирање на други веб страници (неповрзани со играта) во дискусии и приватни пораки.
  • Други прекршоци на правилата за фер-плеј (спамирање итн.)

Не е препорачливо да се игра од јавни места каде што постои можност и други играчи да играат. Затоа ако е можно, игракте од дома. Ако играте, на пр. од школо или од дома заедно со братот, постои голем ризик да бидете суспендиран поради кршење на правилата. Трансфери преку такви тимови се забранети и неможете да праите договори со своите пријатели и роднини.

Мени
 
Клуб

Да се изгради квалитетен клуб потребни се повеќе од една-две сезони. Тоа е долгорочна работа и е комплетно во рацете на менаџерите, кои се и главните тренери на својот тим. Тие мораат да се грижат за инфраструктурата, за стадионот, купување и продавање играчи... Минималниот број на играчи во клубот е 16, а максимумот 36. Ако имате 16 играчи тогаш нема да можете да продатете играч ниту пак да го отпуштите. Од друга страна пак, ако го достигнете максимумот на играчи, не ќе можете да повикувате нови од младинската школа или пак да купувате нови од трансфер пазарот.

 
Лига

Во секоја сезона има 18 натпревари. Секој тим игра против секој два пати. Еднаш дома, еднаш на гости. Повеќе информации во секцијата Лигашки натпревари. Секој тим игра во лига и секоја лига (освен најјаката) има свои дивизии. Но важна е само лигата. Дивизиите (сите дивизии се еднакви) се само за да ги поделат сите лиги. Тоа е поради иљадниците тимови и би било ужасно за тим да игра во 537ма лига (замислете колку ќе му треба да стигне до прва лига). Секоја наредна лига и 4 пати повеќе дивизии и затоа важи правилото првиот да се промовира во погорна лига а четирите последни да паднат во подолна. Секако ако тимот е во најјаката лига тогаш нема каде да се промовира и тимовите во најдолната лига нема каде да одпаднат. Во случај на ист број на бодови, позицијата ја одредува гол разликата, потоа постигнатите голови, победите и ако се ова е еднакво токаш подобриот е случаен избор. Менувањето на тимовите низ лигите не е по случаен избор туку најдобриот од четирите тима кои се промовираат се менува со најлошиот од тимовите штп одпаѓаат. Се зависи од позицијата на табелата и бодовите. Промовирање и паѓање на тимовите секогаш се случува по завршување на сезоната веднаш по ова започнува нова сезона заедно со лика и куп сезонси календар и играта продолжува. ФА е бескрајна фудбалска лига.

 
Играчи

Секој играч си има своја омилена позиција која је одредена со соодветна боја (зелена = одбранбен, жолта = крило, сина = за врска, црвена = напад). Потребните вештини на играчот зависат од неговата позиција. Секоја вежтина може да се усоврши до 25.

Голман
голман: 100%

Одбранбен
одземање топка: 60%, игра со глава: 37.5%, издржливост: 2.5%

Крило (def)
одземање топка: 60%, крило: 30%, додавање: 5%, издржливост: 5%

Крило (нормално)
крило: 55%, одземање топка: 20%, додавање: 20%, издржливост: 5%

Крило (off)
крило: 45%, додавање: 45%, одземање топка: 5%, издржливост: 5%

Играч за врска (def)
креативност: 45%, одземање топка: 45%, додавање: 5%, издржливост: 5%

Играч за врска (нормално)
креативност: 55%, одземање топка: 20%, додавање: 20%, издржливост: 5%

Играч за врска (off)
креативност: 45%, додавање: 45%, одземање топка: 5%, издржливост: 5%

Напаѓач
напаѓање: 50%, игра со глава: 27.5%, додавање: 20%, издржливост: 2.5%

Секој играч мора да игра на позицијата за која е одреден, во спротивно ако на пример крило игра на позиција напаѓач, неговите перформанци на натпреварот како и следниот тренинг ќе бидат помалку ефективни. Ако офанзивно крило игра дефанзивна улога (или дефанзивно игра офанзивно или дефанзивно игра како нормално итн.) тогаш тој играч ќе игра послабо него што би играл на својата природна позиција.

Висина

Висината на играчот има влијание кај некои способности на играчот. На пример, ако играчот е висок 200цм. неговата вештина во игра со глава ќе биде подобро искористена одколку играч кој е висок 170цм. Од другата страна пак, високите напаѓачи нема да можат добро да ја искористат својата вештина во подавање додека високите дефанзивци нема да можат сто процентно да ја владеат својата вештина во одземање на топката. Пониските играчи повеќе ја владеат играта на пресинг и на контра напади отколку повисоките играчи.

Кондиција

Секој играч има одредена кондиција која опаѓа со играње натпревари и расте со одмарање. Издржливоста влијае врз кондицијата така што играчите со поголема издржливост помалце трошат кондиција по натпревар и побрзо ја враќаат кога одмараат. Врз кондицијата исто така влијае и Медицинската клника на ист начин како и издржливоста. Колку повеќе толку подобро. Исто така треба да се знае дека пријателските натпревари не се толку исцрпувачки како што се лигашките и натпреварите од купот. Ако веќе ја приметивте разликата со Важност на еден натпревар тогаш треба да знаете дека и Важноста влијае врз кондицијата. Кондицијата исто така влијае врз перформансите на играчот во еден натпревар. Играчи со кондиција помала од 100% нема да го дадат својот максимум. Ако кондицијата падне под 50% тогаш играчот не е достапен за натпревар. Ако играчите брзо трошат кондиција и споро ја враќаат, едноставно тренирајте издржливост или изградете Медицинска клиника и со време проблемите со кондицијата ќе исчезнат. Исто така добро е да имате 2х11 играли во вашиот тим, барем на почетокот, така што секој ќе може да одигра по еден натпревар во неделата и ќе има доволно време за одмор.

Форма

Формата игра важна улога во тоа како еден играч ќе одигра натпревар. Дури и добар играч кој е вон форма, може да игра послабо од играч со просечна форма. Формата се менува секоја недела во Петок за време на Тренинг промените и секогаш се движи кон просекот. Што значи играч со добра форма логично е малце да опадне во формата. Истото важи и обратно. Ако играч одиграл барем еден натпревар во текот на неделата поверојатно е да добие на форма за разлика од играч кој нема да одигра натпревар. Просечната форма е 5. Но во играта бројките се заокружени на цели броеви. Максимум е 10 а минимум е теоретски 0. Заокружувањето на бројките е секогаш кон помало што значи ако пишува 2 на формата на играчот, тоа може да значи 2.00 а може и да значи 2.99. Формата не влијае врз цената на играчот на трансфер пазарот.

Искуство

Исто како и формата, искуството е важно за тоа како еден играч ќе го одигра натпреварот. Искусен играч, со лоши вештини, може да одигра подобро од млад неискусен играч дури и ако е талентиран. Искуството има слично влијание како и формата и влијае на пример врз изведувањето на пенали. Искуството се добива само со играње натпревари. Повеќе од лигашки помалце од пријателски. Ако играч влезе во репрезентација добива екстра искуство. Максимумот за искуство е 10 (исто како и за формата)

Потенцијал

Потенцијалот е скриена вештина. Секој играч има некаков потенцијал кој влијае врз неговиот тренинг. Играч со 100% потенцијал тренира 100%, играч со 75% потенцијал тренира со 3/4 ефикасност итн. Потенцијалот на млади играчи расте а на стари опаѓа. Посебно е за секој играч и можете да приметите со проучување на вашите тренинзи.

Chemistry

Mother club players (players not bought at transfer market) play always 100% their power. Players from transfer market need some time to play better with their team-mates. Depends on time spent in a team a player plays like this:

Seasons in a club Player power
0 90%
0.1 90.5%
0.2 91%
0.3 91.5%
0.4 92%
0.5 92.5%
0.6 93%
0.7 93.5%
0.8 94%
0.9 94.5%
1 95%
1.1 95.5%
1.2 96%
1.3 96.5%
1.4 97%
1.5 97.5%
1.6 98%
1.7 98.5%
1.8 99%
1.9 99.5%
2+ 100%
 
Тренинг

Тренингот е една од најважните работи во играта. Тренингот се случува ноќта помеѓу Четврток и Петок. Благодарејќи на тренингот, играчите можат да напредуваат и тимот може да заработи пари со нивна продажба. Многу е важно да се тренираат млади играчи. Можете да ги продадете после неколку сезони за да заработите пари за вашите градби или да купите некој нов играч.

Што треба да знаете околу тренингот
  • Неможете да победите без тренинзи.
  • Тренинг добиваат оние играчи кои одиграле на барем еден натпревар во неделата.
  • Само последниот натпревар што го одиграл играчот е важен за тренингот. Ако тренирате одбранбен играч кој одиграл на одбранбена позиција во Недела но како напаѓач во Четврток (денот на пресметување тренинг) на куп натпревар, нема да добие многу од тренингот. Ако е обратно или ако и двата натпревари ги одиграл на неговата природна позиција, ќе тренира нормално.
  • За да добиете максимум од тренинзите за целиот тим, потребно е да играте два натпревари неделно (лига + куп/пријателска). Така освен првиот тим, тренинг ќе добијат и другите играчи од тимот играјќи куп/пријателска. Препорачливо е да се користат што повеќе играчи за ефектот од тренингот да биде што е можно поголем.
  • Кој играч што ќе тренира зависи од распоредот на тренинг. Тренингот се случува во Петок наутро што значи вештините на играчите се ажурираат еднаш неделно.
  • Квалитетот на тренингот (колку еден играч тренира) зависи од потенцијалот на играчот но потенцијалот не влијае врз тренирањето на издржливост.
  • Ако некој играч игра на различна позиција од неговата природна, тогаш тој го губи 90% од тренингот. Позиција се мисли на дефанзивец да игра голман голман, напаѓач да игра на позиција крило итн. а не на специјализацијата "def", "off".
  • Репрезентативните натпревари не влијаат врз тренингот.

На возраст од околу 30 години, вештините на играчите полека се намалуваат. За голманите, одбранбените и дефанзивните крила ова се случува подоцна, за останатите порано. Играчите тренират додека не наполнат 30 години (на 30 не тренираат). Издржливост се тренира во било кое време.

Тренер

Секој тим може да го смени тренерот само една во сезона. Тренерот влијае врз тренингот на играчите.

Одбрана - Побрзо/Поспоро тренирање на голмани, одбранбени и дефанзивни крила.
Средина - Побрзо/Поспоро тренирање на сите крила и играчи за врска.
Напад - Побрзо/Поспоро тренирање на напаѓачи.

Секој играч може да тренира повеќе или помалце во зависност од подесувањата за тренинг (%). Вкупно еден тим неможе да тренира повеќе од 1200%.

Општо значи дека играчот ќе ги тренира сите потребни вештини.

Дефанзивни крила добиваат поголема вредност со тренер. На пример ако имате тренер (-5)-(+5)-(0), дефанзивните крила добиваат +5% бонус на тренинг.

 
Самодоерба

Самодовербата на еден тим зависи главно од лигашките и куп натпревари. Ако тимот победува логилно е самодовербата да расте. Ако тимот игра против подобар (според рејтингот) тим, дури и нерешен резултат ќе ја подобри самодовербата. Други фактори како дома, гости конечни резултати се исто така важни. Самодовербата може да зависи и од трансферите. Повеќе информации во Трансфер листа.

Тимската самодоверба е едноставно мерило на тимската форма. Ако тимот победил повеќе натпревари во последно време ќе добие повеќе публика на натпреварите и бројот на спонзори ќе расте. Самодовербата е исто така одговорна за тимската сила на еден натпревар.

 
Младински тим

Секоја недела можеш да повикаш по еден играч од твојата младинска школа. Квалитетот на тој играч зависи од нивото на младинската школа и малку среќа. Играчите кои можете да ги повикате од младинската школа се од 14 до 20 години.

Квалитет на младински тим

Квалитетот на младинскиот тим зависи од играчите предходно повикани. Што подобри играчи вадите тоа повеќе се намалува квалитетот на младинската школа. Едноставно во младинскиот тим има играчи што го подобруваат вкупниот квалитет на целата младинска школа. Ако повикате добар играч тогаш вкупниот квалитет на тие што се сè уште таму е намален. Истото важи и обратно. Ако повикате слаб играч, квалитетот на младинскиот тим ке порасне.

Ако не повикате ниеден играч некоја недела, квалитетот за следната неделеа ќе се зголеми за 2% + дупло од нивото на младинската школа.

 
Стадион

Стадионот е битен фактор за прилив на пари. Како што одминува времето ќе има се повеќе и повеќе фанови кои ќе сакаат да го гледаат вашиот тим. Со мал стадион губите пари затоа што многу фанови ќе останат надвор поради малиот капацитет. Од друга страна пак, голем стадион со пола седишта празни исто така не е баш економично.

Стадион во бројки
  • Минимум капацитет за еден стадион: 5.000
  • Максимум капацитет за еден стадион: 150.000
  • Основна цена за градење/уривање на стадион: €40.000
  • Неделно одржавање по седиште: €2
  • Просечна цена на влезница: €10
 
Градби

Секој клуб си ги гради своите градби. Постојат 5 типа на градби кои можат да достигнат максимум 7 нивоа. Сите градби заедно, вкупно може да имаат 22 нивоа што значи мора да се одлучите што ви е приоритет. Исто така треба да знаете дека сите градби стареат односно по неколку сезони вашите градби ќе изгубат ниво и ќе мора повторно да го изградите.

Терен за тренинг
Ја зголемува ефикасноста на тренингот за 8% по ниво.

Маркетинг
Повеќе пари од спонзорите, помал процент за агентите при продажба на играчи, поголема посетеност.

Медицинска клиника
Помали шанси играч да се повреди како и помали шанси за долгорочни повреди, побрзо опоравување.

Младинска школа
Го зголемува квалитетот на младинскиот тим.

Центар за истражување
+2% јачина на тимот на секое ниво, повисоко и искуството на играчите од натпреварите.

Цена за надградба на ниво.
  • 1. ниво - €40.000
  • 2. ниво - €100.000
  • 3. ниво - €200.000
  • 4. ниво - €400.000
  • 5. ниво - €800.000
  • 6. ниво - €1.400.000
  • 7. ниво - €2.200.000
Цена за намалување на ниво.
  • 1. ниво - €4.000
  • 2. ниво - €10.000
  • 3. ниво - €20.000
  • 4. ниво - €40.000
  • 5. ниво - €80.000
  • 6. ниво - €140.000
  • 7. ниво - €220.000
Време на Надградување / Намалување во недели.
  • 1. ниво - 1/1
  • 2. ниво - 1/1
  • 3. ниво - 2/1
  • 4. ниво - 2/1
  • 5. ниво - 3/1
  • 6. ниво - 3/1
  • 7. ниво - 4/1
Неделен трошок за одржување
  • 1. ниво - €2.000
  • 2. ниво - €5.000
  • 3. ниво - €10.000
  • 4. ниво - €20.000
  • 5. ниво - €40.000
  • 6. ниво - €70.000
  • 7. ниво - €110.000
 
Натпревари

На тимот му е дозволено да одигра натпревар само ако има минимум 7 слободни играчи. Тоа значи играчи кои не се повредени и не се суспендирани. Играчот исто така мора да има минимум 50% кондиција. Секогаш е добро да се наместат повеќе играчи во случај на измени. Доколку има повреда или црвен картон за голманот, еден од офанзивните играчи ја напушта играта и резервниот голман влегува во игра.

Не е можно да се промени вашата тактика ако има 30 или помалце минути до почетокот на натпреварот.

Лигашки натпревари
Лигашките натправари секогаш се играат во Недела и два пати во сезона, 4. и 12. коло во Среда наместо пријателски натпревар. Има 18 натпревари по сезона. Секој тим игра 2 пати со секој, еднаш дома и еднаш на гости. Победникот добива 3 поени, 1 поен за нерешено и 0 поени за пораз или службено нерешено (натпревар со резултат 0-0 каде ниеден тим нема наместено тактика).

Куп натпревари
Ждрепката за купот е на почетокот на секоја сезона. Тимовите во купот секогаш ќе играат најдобриот против најлошот според нивниот рејтинг, па потоа вториот со предпоследниот итн. Домаќин е оној тим кој има помал процент на домашни натпревари во однос на сите натпревари во купот. Купот може да се игра со 2, 4, 8, 16 па се до 16384 тимови. Па ако има на пример 1000 тима во една земја тогаш само најдобрите 512 ќе учествуваат. Ако има 1050 тима во една земја, тогаш само 1024 најдобро рангираните ќе учествуваат итн. Се игра по еден натпревар. Победникот продолжува во следната рунда, а губитникот испаѓа.

Пријателски натпревари
Friendly matches do not influence self-confidence or rating. But they have one important reason – training. Each team, which wants to train fully, should play 2 matches a week. More info in Training. A friendly match can also be played against a PC team, you just have to find a team without an owner and such a team accepts every friendly match immediately.

Интернационални натпревари
Овие натпревари се играат секој Вторник. Репрезентативната тактика секогаш ја мести избраниот селектор.

Влезници

Натпреварите се важен прилив на пари. Во лигашките натпревари, домашниот тим секогаш ја добива целата сума од влезниците. Во куп натпреварите, домашниот тим добива 2/3 а гостинскиот 1/3. На пријателски натпревари добивката се дели на пола. Ако има службен пораз, тимот не добива ништо.

Картони

Картоните најчесто зависат од позицијата на играчот. Одбранбен играч има повеќе шанси да добие картон, а кај напаѓачите обратно. Картоните од куп и лига натпреварите не се одвоени. После 3 жолти картони (2 жолти на еден натпревар = Црвен) играчот е суспендиран за наредниот лигашки или куп натпревар. Картоните од пријателските неважат па дури и играч со црвен картон може да игра пријателски натпревар.

Повреди

Секој играч може да се повреди на натпревар. За да се намалат шансите за тоа потребно е да се има што повисоко ниво на медицинска клиника или да се намали важноста на натпреварот. Од друга страна, одбирање висока важност за еден натпревар носи повисок ризик од повреди. Најчесто повредите траат 1-7 недели (бројот покрај повредениот играч). Што повисоко ниво на медицинска клиника тоа помалце време трае повредата (понекогаш и помалце од што пишува покрај играчот).

Продолжение

Продолжението се игра 2х15 минути. Доколку и послем продолженијата резултатот е нерешен, се изведуваат пенали.

Службено

Доколку не е наместена тактика за натпреварот, противникот е победник со службени 3:0. Тимот кој ќе победи службено не добива искуство но затоа играчите не се заморуваат и ја задржуваат кондицијата што ја имале и предходно. Приливот на пари и тренингот се бројат како и нормално.

 
Местење тактика за натпревар

Важна информација - Не е возможно да се промени вашата тактика ако има 30 или помалце минути до почетокот на натпреварот.

Стил

Стилот на игра не влијае врз бројот на создадени шанси само ја зголемува веројатноста за успешна акција затоа што ако еден тим е напажачки настроен постои поголема веројатност да ги реализираат своите шанси. Секако ова зависи и од противничкиот тим. Доколку тие имаат добра одбрана, станува малки покомплицирано. И многу е јасно ако сте напажачки определени, тогаш одбраната и не ви е на така високо ниво.

Дефанзивно - Ја зајакнува одбраната но го ослабува нападот и тоа често повеќе него што ја зајакнува одбраната. Се препорачува ако имате добра одбрана и слаб напад.
Нормално - Нападот и одбраната се еднакви. Обично зависи од моменталниот резултат. Ако тимот губи тога се обидува повеќе да нападне итн.
Напаѓачки - Го зајакнува нападот но ја ослабува одбраната и тоа често повеќе него што го зајакнува нападот. Препорачливо е ако имате добар напад и слаба одбрана.

Тактика

Нормално - Без посебена тактика.
Пресинг - Зајакнува одземање на топка кај крилата и играчите од средината но ги ослабува нивните вештини на крило и креирање игра. Со оваа тактика постојат големи шанси вашиот тим да ги спречи нападите на противникот. Што подбро одземање на топка кај средниот ред, крилата и дефанзивците, тоа поголеми шанси за спречување на напади. Противникот може да ја намали оваа ваша предност со добро додавање кај неговите играчи од среден ред, крила и напаѓачи.
Контра напади - Ја зајакнува вештината додавање на играчите од средниот ред и на крилата но ги ослабува нивните вештини на крило и креирање игра. Исто така ги зајакнува и напаѓачите. Со оваа тактика постои шанса вашиот тим да добие предност по пропуштена шанса на противникот и да изведе успешен контра напад. Противникот може да ги намали шансите за тоа со добра одземање на топка на неговите играчи од среден ред, крила и одбрамбени.
Напад по средината - Ја зајакнува креативноста и додавањето кај off. и def. играчи од средината но го ослабува нивното одземање на топка. Го зајакнува одземањето на топка на def. и off крилни играчи но го ослабува нивното додавање на топка и крило. Со овој стил играчите од средниот ред почесто се наоѓаат во шанса за гол.
Keep the ball - Strengthens playmaking of midfielders and wing of wingers. Weakens nothing.
Напад од крилата - Ја зајакнува вештината крило и додавање на off. и def. крила но го ослабува нивното одземање на топка. Го зајакнува одземањето на топка на def. и off. плејмејкери но го ослабува додавањето и нивната креативност. Со овој стил на игра, крилните играчи имаат повеќе шанси за да дојдат до шанса за гол.
Долги топки - Strengthens heading of attackers and little bit of defenders. Weakens midfield. Increases count of header actions in a match.

Пресинг и контра напади зависат од искуството на целиот тим. Значи поискусни тимови ги играат овие стилови подобро (подобри шанси за успешен пресинг или контра напад) а тие помалце искусни, полошо. Ниските играчи можат подобро да одиграт во пресинг и во контра напади отколку повисоките.

Тактиката исто така влијае и врз перформансите на играчот на натпревар. Што значи еден играч од среден ред со слаба вештина „одземање топка“ ќе одигра полошо од обично ако е одбрано „Пресинг“. Истото важи и обратно. Перформансите на играчите од средината и рејтингот на целиот тим може да бидат послаби ако се намести „Контра напади“. Тоа не значи дека тимот игра полошо. Со правилно наместена тактика тимот може солидно да одигра но тоа не е така лесно да се претвори во бројки.

Во извештајот од некој натпревар можете да видите информации за успешноста на тактиката кога се во прашање пресинг и контра напади.

Важност

Може да се употреби во лигашки и куп натпревари.

Опуштено - Team performance -15%, Fatigue -50%, Fauls -50%, Team self-confidence +50%
Мала важност - Team performance -10%, Fatigue -25%, Fauls -25%, Team self-confidence +25%
Нормално - Без промена
Висока важност - Team performance +10%, Fatigue +25%, Fauls +25%, Team self-confidence -25%
Клучна - Team performance +15%, Fatigue +50%, Fauls +50%, Team self-confidence -50%

Добивање и губење на самодоверба - Ако тимот добива на пр. 10% самодоверба, тогаш со мала важност ќе добие 25% повеќе односно 12,5% самодоверба. Ако тимот губи 10% самодоверба тогаш во натпревар со мала важност ќе изгуби за 25% помалце односно 7,5%. Во натпревар со висока важност тимот би добил 7,5% или би изгубил 12,5%.

Важноста додава одреден ризик за повреди. Во помалце важните натпревари (Мала важност, Опуштено) играчите имаат помали шанси да заработат повреда а во повеќе важните натпревари (Висока важност, Клучна) постои поголема шанса за повреда.

Важноста не се прикажува во статистиките на натпреварот кај одбрана/средина/напад ниту пак кај ѕвездичките на играчите. Во извештајот ќе биде прикажана вашата важност и секако ќе има влијание во натпреварот. Официјалните лица пожат да го потценат натпреварот убедувајќи ги играчите за неговата мала важност.

Капитен

You can set the captain for each match (if there is no, he will be randomly selected from current line-up). The captain gains more experience from a match and usually strengthens his team according to his own experience. Mother club player as captain increase power 50% more than other players. This strength is also calculated in the after match statistics.

Спремна тактика

Ако не поставите играчи за некој натпревар или комплетно заборавите да наместите тактика, тогаш оваа спремна тактика се поставува автоматски. Што значи ако сте на подолго време отсутни, не губите службено. Бидејќи играчите се заморуваат и бидејќи обично играчите играат два пати во неделата, можете да наместите 3 спремни тактики - Лига (Недела), Куп, Пријателски натпревар/Лига (Среда). Спремните тактики се местат со одбирање на посакуваната формација и сочувување како и обично. Играчи, замени, формација, тактики, стил на игра и важност сите заедно се сочувани. Спремна тактика може да се отвори и искористи во било кое време исто како и предходните тактики. Се што е снимено се отвара, во случај на „Пријателска лига/Лига (Среда)“ важноста исто така се отвара само доколку се работи за лигашки натпревар.

Тактички замени

Постојат и тактички замени кои носат уште повеќе стратешки можности во играта.

  • Ако вашите играчи се изморени, имаат слаба кондиција или сте наместиле клучна важност, во последните минути од натпреварот тие ќе бидат преморени. Резултат на тоа е послаби перформанси како на играчите така и на целиот тим. Ова може да се спречи ако во игра ставате одморени играчи во игра.
  • Ако сакате да тренирате 4 голмани не е проблем. Едноставно направете замена на голманот во еден натпревар а двајцата ќе добијат тренинг. Секој играч кој изиграл макар и една минута на натпревар, добива тренинг без разлика колку време играл.
  • Да речеме дека на вашиот втор тим не му иде баш најдобро. Можете да внесете поискусни играчи во игра и да го подобрите квалитетот. Или обратно... ако победникот е веќе познат, односно ако победата ви е веќе осигурана, може да ги ставите во игра полошите играчи за овие подобрите да бидат поодморени за следниот натпревар.

Замените зависат од условите кои сте ги наместиле пред натпреварот.

Играч на теренот: Играчот што треба да излезе од игра.
Нов играч: Играчот што треба да влезе во игра. Двата играчи треба да играат на истата позиција. На пример напаѓач влегува наместо напаѓач а не напаѓач наместо крило итн.
Минута: Минутите се местат на начин од-до. Ако наместите замена помеѓу 60-89 минута и условот за замената е исполнет во 60та минута, замената ќе се случи веднаш во 60 минута. Доколку условот не е исполнет во 60 минута, играчот ќе седи на клупата додека не се исполни условот. Ако тоа никогаш не се случи, играчот нема да влезе во игра.
Услов: Неопходен услов што мора да се исполни за да биде реализирана замената. Доколку не е наместен услов, измената ќе се случи според наместеното време.

Имајте на ум дека нема да се исполнат сите замени што ќе ги наместите. Тоа е поради евентуална повреда или црвен картон. Дозволени се само 3 замени по натпревар (5 во пријателски). Доколку некој играч влезе во игра наместо некој повреден играч, тогаш нормално истиот тој играч неможе да биде искористен како тактичка замена. Друго што треба да се знае е дека правењето замени не троши од времето за игра. Значи неможете да спречите напади на противникот со местење тактичка замена во последните минути од натпреварот. Доколку капитенот добие црвен картон, тимот го губи бонусот што обично го добива од капитенот.

 
Економија

If your team has more than €10.000.000 during Monday economics counting, you pay 2% taxes from the whole amount. This tax is reduced by 5% with each level of your Marketing. So if you, for example, have €12.000.000 on your account, then on Monday you are taxed with €240.000. If you also have 4 levels of Marketing in section Facilities, then you pay 20% less. That means €192.000.

Прилив

Проджба на играчи
Пари што ги добивате со продажба на играчи.

Спонзори
Спонзорите даваат пари за тимот секоја недела. Колку повеќе фанови има тимот, толку повеќе пари добива. Конечниот износ се рачуна по бројот на фанови х €4. Секое наредно ниво на Маркетинг ја зголемува сумата за 5%.

Влезници
Парите добиени од влезници во текот на една недела.

Бонуси
На пример парите кои ги добивате од спонзорите на почетокот на секоја сезона.

Одлив

Купување на играчи.
Парите кој ги инвестирате во купување нови играчи.

Плати
Сите играчи во твојот тим во Понеделник си ја бараат неделната плата. Исплатата на платите е уште еден одлив на пари.

Градби
Секоја недела тимот мора да плати за одржување на стадионот и на неговите градби.

Микс
На пример за праќање на играч на трансфер листата.

 
Трансфер листа

Each player can be sent to the market. By doing so you have to pay 0.5% of his FA price (shown in player's detail as Value) as a fee. The minimum market price is €4.000 and the maximum price is the FA price * 2. A player stays on the market for 4 days and the selling manager always gets 2x FA price at maximum. There are no restrictions for a player on the market to play for his team. If there is a match in the time the player is supposed to be sold then the purchase takes place after the match. The bidding team loses its money immediately and can not manipulate with the money for the whole time of holding the best bid (if someone offers a higher bid then, of course, the money goes back). The team, offering the player, gets its money after the purchase is finished.

Доколку тимот продаде предходно купен играч, губи 15% од тимската самодоверба. Оваа казна се намалува за 1% секоја недела помината на играчот во вашиот тим па така доколку купениот играч го продадете после 10 недели, ќе добиете казна од -5% самодоверба. Ова неважи за играчи од младинската школа и за играчите кои биле со тимот од самиот почеток. Купен играч може да биде продаден после 7 дена. Кога се продава купен играч, профитот зависи од времето поминато на играчот во вашиот клуб. Основниот профит е 55% и со секоја недела помината во клубот (рачунајќи после првите 7 дена) профитот се зголемува за 3%. Значи ако купите играч и го продадете после само една недела за €40.000, добивате само 55% односно €22.000. После 10 недели добивате 55%+(10-1)*3=82% од цената. 10-1 значи дека ја одбиваме првата недела во која играчот неможе да биде продаден. Кај секој играч е прикажан процентот на профит за негова евентуална продажба. Освен времето поминато во клубот, на профитот влијае и Маркетинг изградбата. Максималниот профит за еден играч е 90% и со секое ниво на Маркетинг се додава + 1%

 
Интернационални Клупски Турнири

Постојат пет интернационални клубски турнири во ФА. Сите тие имаат нешто заедничко. Играчите во формацијата секогаш го почнуваат натпреварот со 100% кондиција. После натпреварот нивната кондиција се враќа како што била предходно и плус се одзема за натпреварот што го одиграле. Што значи играчите ГУБАТ кондиција. Од друга страна пак, добиваат искуство и домашниот тим ги зема сите пари од продадените влезници.

  • Шансите за повреди се многу помали од обично.
  • Картоните се забораваат веднаш по натпреварот. Не постојат рестрикции кога се во прашање картоните што значи дека дури и играч со црвен картон може да игра натпревар.
  • Сите натпревари се важат како тренинг што значи дека таа недела играчите што играле ќе добијат тренинг.
  • Во плеј-оф парите од билетите се делат 1:1 односно двата тима делат по пола.
  • Нема предност на домашен терен во плеј-оф

ФА Лига на Шампиони
Претежно тимови од првите лиги.

  • Број на тимови: 192
  • Број на тимови во група: 6
  • Број на тимови кој одат понатаму од група: 2
  • Влијае врз кондицијата: 100%
  • Публика: 100%
  • Добиено искуство на играчот: 80%

ФА Престиж Куп
Претежно од првите и вторите лиги како и Лига куп победниците.

  • Број на тимови: 2048
  • Број на тимови во група: 4
  • Број на тимови кои одат понадаму од група: 2
  • Влијае врз кондицијата: 80%
  • Публика: 80%
  • Искуство добиено на играчот: 65%

ФА Интернационален Куп
Претежно тимови од четврта лига и поразените тимови од финалето на Лига купот.

  • Број на тимови: 2048
  • Број на тимови во група: 4
  • Број на тимови кои одат понатаму од група: 2
  • Влијае врз кондицијата: 60%
  • Публика: 60%
  • Искуство добиено за играчот: 50%

ФА Челинџ Куп
Повеќето тимови од петта лига.

  • Бројот на тимови: 2048
  • Бројот на тимови во група: 4
  • Бројот на тимови кои што одат во следна фаза од групата: 2
  • Измореност: 40%
  • Посетеност: 40%
  • Искуството на играчот од натпреварот: 33%

ФА Фер Плеј Куп
Повеќето тимови од петта и шеста лига.

  • Број на тимови: 4096
  • Број на тимови во група: 4
  • Број на тимови кој што одат во следна фаза: 1
  • Измореност: 20%
  • Посетеност: 20%
  • Добиено искуство на играчот: 20%
 
Пријателска лига

Пријателските лиги служат за дополнителна забава и им дозволува да креираат своја лига каде ќе можат да се натпреваруваат против своите пријатели или лути ривали. Секој може да учествува во пријателска лига но постојат одредени правила.

  • Пријателска лига може да креира само Supporter.
  • Во секоја пријателска лига мора половина од тимовите да имаат Supporter.
  • Пријателските лиги се играат во Петок. Времето на натпреварите го одбира основачот на лигата.
  • Секоја лига може да наплаќа за учество во лигата. Учеството може да чини 0-€100.000 и тимот што сака да се придружи на лигата немора да ги има овие средства во моментот - парите ќе бидат автоматски земени иако тоа би значело одење во минус. По завршување на лигата, освојувачот добива 50% од собраната сума, второпласираниот 30% и третиот 20%.
  • Играчите не се заморуваат во пријателска лига, неможе да бидат повредени по натпреварот и не добиваат искуство и картони. Може да играат натпревар дури и ако имаат црвен картон или немаат доволно кондиција. Секогаш се 100% подготвени. Сепак, не смеат да бидат повредени пред натпреварот.
  • Самодовербата на тимот секогаш е 100%
  • Перформансите на тимот и играчите не се пресметуваат во нивните статистики.
  • Натпреварите не даваат тренинг.
  • Нема пари од публика.
  • Пријателска лига може да се игра независно од сезоната. Може да почне во една сезона а да заврши во следната.
 
Нова сезона

Секоја сезона трае 16 недели и по завршетокот на една, веднаш следи почеток на нова. Што значи последното лигашко коло е во Недела а веќе во Понеделник е почеток на новата сезона. Помеѓу двете сезони се случуваат следните настани:

Тимови

  • Првопласираниот тим се промовира во погорната лига а четирите последнопласинари отпаѓаат во пониска лига. Секако нема каде да се промовира од првата лига исто како што нема каде да се отпадне од последната.
  • Team self-confidence is set to 60%.
  • Листата на најдобри тимови се брише. Секогаш е од моменталната сезона.

Играчи

  • Сите играчи стануваат една година постари.
  • Формата е наместена на просечно ниво.
  • Кондицијата на играчите се обновува на 100%
  • Листата на најдобри играчи се брише. Таа е секогаш од моменталната сезона.
  • Се рачунаат нови плати.
  • Репрезентативците во младите конкуренции кои се веќе постари од што треба, ја напуштаат репрезентацијата.
  • Картоните се бришат. Повредите остануваат.

Финансиски бонуси

Бонус за освоеното место

Prva Liga
  • 1во место - €800.000
  • 2ро место - €650.000
  • 3то место - €500.000
  • 4то место - €350.000
  • 5то место - €200.000
II лига
  • 1во место - €640.000
  • 2ро место - €520.000
  • 3то место - €400.000
  • 4то место - €280.000
  • 5то место - €160.000
III лига
  • 1во место - €480.000
  • 2ро место - €390.000
  • 3то место - €300.000
  • 4то место - €210.000
  • 5то место - €120.000
IV лига
  • 1во место - €320.000
  • 2ро место - €260.000
  • 3то место - €200.000
  • 4то место - €140.000
  • 5то место - €80.000
V и пониски лиги
  • 1во место - €160.000
  • 2ро место - €130.000
  • 3то место - €100.000
  • 4то место - €70.000
  • 5то место - €40.000

Бонус од спонзорот на почетокот на новата сезона
  • Prva Liga - 2х пари од спонзорот
  • II лига - 1.8х пари од спонзорот
  • III лига - 1.6х пари од спонзорот
  • IV лига - 1.4х пари од спонзорот
  • V лига - 1.2х пари од спонзорот
  • VI и пониски лиги - 1х пари од спонзорот

Лига Купот е испланиран, календарот за следната сезона е пресметан итн.

 
Недела во Football Arena
Секој ден
  • Ажурирање на статистика
  • Опоравување на играчи
  • Добивање кондиција
  • Градење на стадион и градби
ПОНЕДЕЛНИК
  • Економско ажурирање (плати, спонзори)
  • Ажурирање на статистиките на играчите
ВТОРНИК
  • Репрезентативни натпревари
  • Интернационални купови
  • Автоматско договарање пријателски натпревар
  • Ажурирање на фан клубот
  • Намалување на ниво на стари градби
СРЕДА
  • Friendly matches
ЧЕТВРТОК
  • Лига Куп натпревари
  • Ажурирање на статистиките на играчите
  • Лига натпревари
ПЕТОК
  • Пресметување тренинг и промена на форма
  • Ажурирање на фан клубот
  • Ажурирање на статистиките на играчите
  • Пријателски лиги
САБОТА
  • Светско Првенство
  • Активација на младински тим
НЕДЕЛА
  • Лига натпревари